13 интересни начини да пиете повеќе вода

Знаете дека треба да пиете вода, но тоа е нешто што многу лесно се заборава. Па, што да правите? Пиењето вода не мора да биде ниту стресно, ниту досадно. Погледнете ги овие начини кои се забавни, а кои ќе ви помогнат да внесувате повеќе вода во текот на денот.

(1) 13-interesni-nachini-da-piete-povekje-voda-kafepauza.mk_-001

Понекогаш студената вода е добра, а понекогаш не е. Водата не мора секогаш да биде студена, ниту пак, на собна температура. Стоплете ја ако сакате. Не само што повеќе ќе уживате во неа, туку може да ви помогне во дигестијата, да ја спречи констипацијата, и многу повеќе!

(2) 13-interesni-nachini-da-piete-povekje-voda-kafepauza.mk_-001

Ако водата е премногу здодевна за вас, заменете ја со чај. Чајот ќе ве хидрира, има убав вкус, и во зависност од неговиот состав, може да има здравствени придобивки. Чаевите се добри и топли и ладни, само избегнувајте да ги засладувате, а за најдобра хидратација, избегнувајте чаеви со кофеин.

(3) 13-interesni-nachini-da-piete-povekje-voda-kafepauza.mk_-001

Лесно е да ја заборавите водата дома или во автомобилот, а навистина е тешко да „влечете“ ново шише секој пат. Затоа е важно тоа да го направите лесно и без користење на рацете. Постојат многу шишиња за вода кои имаат кука за чанта или ранец, па хидратацијата никогаш не била полесна.

(4) 13-interesni-nachini-da-piete-povekje-voda-kafepauza.mk_-001

Одберете забавно шише за вода кое му одговара на вашиот карактер и направете го пиењето вода забавно и кул.

(5) 13-interesni-nachini-da-piete-povekje-voda-kafepauza.mk_-001

Жедните луѓе обично си каснуваат нешто пред да помислат да се напијат вода. Поставувањето потсетници на фрижидерот можеби ќе биде многу здрава навика за вас. Добар ефект од ова е што ако пиете повеќе вода, ќе немате толку голема желба за грицкање.

(6) 13-interesni-nachini-da-piete-povekje-voda-kafepauza.mk_-001

Вашето шише за вода може да ви биде најголем пријател. Обележете ги часовите на шишето и така ќе знаете колку вода треба да испиете во еден час. Можете дури и да си напишете охрабрувачки пораки кои ќе ве расположуваат.

Продолжува на следната страница

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар