Go – Апликација која ќе ве одведе насекаде низ светот

„Прозорец кон светот. Споделувајте слики и чекирајте се на местата кои ги посетувате, пронајдете настани и места во ваша близина. Пишувајте рецензии и поврзете се со луѓето кои ја користат оваа апликација.“

(0)-go-aplikacija-koja-kje-ve-odvede-nasekade-niz-svetot-kafepauza.mk.jpg

Како што летото започнува, сѐ повеќе да личи на вистинско лето, секој гледа што побрзо да ги спакува куферите и да му ја дувне најдалеку што може. А што би било пофантастично од тоа да може целосно да му се препуштите на уживањето, без воопшто да треба да планирате, да барате места и настани по интернет и на крајот веројатно да се откажете?

„Откријте што се случува околу вас и најважно од сѐ, одете!“

Go е геолокациска мобилна апликација која ќе ве одведе каде и да посакате, кога и да посакате и од каде и да се наоѓате во светот. Постирајте и листајте фотографии, чекирајте се на местата кои ги посетувате и пишувајте рецензии. Сѐ што треба да направите е да ја спуштите оваа апликација на вашиот телефон, да направите свој профил и во само неколку кратки чекори да дознаете што сѐ се случува околу вас.

Принципот на кој оваа апликација функционира е follow/following, така што во делот Home ќе може да ги гледате сликите, чекирањата и рецензиите кои ги споделиле луѓето кои ги следите на Go. Од друга страна, она што вие го објавувате можат да го видат само оние луѓе кои ве следат вас.

(1)-go-aplikacija-koja-kje-ve-odvede-nasekade-niz-svetot-kafepauza.mk.jpg

Доколку сакате да посетите некој настан и да дознаете повеќе за него или, пак, само барате идеја за каде би можеле да отидете, кликнете на Events. Таму ќе ги пронајдете  сите настани кои се случуваат околу вас.

(2)-go-aplikacija-koja-kje-ve-odvede-nasekade-niz-svetot-kafepauza.mk.jpg

Со кликнување на иконата Places ќе ги пронајдете местата кои се наоѓаат во ваша близина. Можноста за филтрирање според различни параметри овозможува брз пристап до информации за оние места кои конкретно ве интересираат (кафулиња, ресторани и сл.)

(3)-go-aplikacija-koja-kje-ve-odvede-nasekade-niz-svetot-kafepauza.mk.jpg

Во Suggested goers, апликација ви препорачува луѓе кои можеби би биле заинтересирани да ги следите.

(4)-go-aplikacija-koja-kje-ve-odvede-nasekade-niz-svetot-kafepauza.mk.jpg

Табот Near me ви дава можност да ги видите местата на кои се чекирале луѓето кои ги следите и најинтересните слики кои се објавени во вашата непосредна близина.

(5)-go-aplikacija-koja-kje-ve-odvede-nasekade-niz-svetot-kafepauza.mk.jpg

Апликацијата е достапна на Play Store за корисниците на андроид.

За авторот
Дипломиран електроинженер по телекомуникации кој во слободно време обожава да пишува. Животен сон ѝ е да го прошета целиот свет уживајќи во добра книга и пријатно друштво. Настојува од секоја ситуација да го извлече најдоброто и не може да замисли денот да ѝ започне без шолја вкусно кафе.

Остави коментар