Разумни, грижливи и духовити: Дознајте сè за жените Девици

Посветена, снаодлива, дискретно духовита, грижлива, практична, разумна, скромна, срамежлива, прецизна – сето ова се главните карактеристики на жените родени во знакот Девица. Нејзината мисија е да биде херој и да ги маѓепсува луѓето со своето знаење и интелект. Со Девицата владее планетата Земја, поради што е практична и своите мисли ги базира на реалноста, а не на фантазијата. Низ животот оди цврсто на земја, движејќи се грациозно и нежно во својата разумна стварност.

(1) Разумни и „динамитни“: Дознајте сè за жените Девици

Ориентирана на детали, оваа „жена динамит“, секогаш мисли на сè и на неа можете да се потпрете во секое време. Нејзиниот пристап кон работите е систематски и сака да го планира својот живот. Слободното време најчесто го минува во долги прошетки во природа или работејќи со цвеќиња во градината. Еден од нејзините најголеми квалитети е што секогаш и секаде доаѓа на време. Можеби на прв поглед изгледа студена и отсутна, но всушност е срамежлива и неодлучна.

Секс и врски

Целосно посветена кога е во врска, Девицата е сигурен и лојален партнер и за неа е важен секој детаљ пред да се врзе за партнерот. Таа смета дека е подобро да биде сама отколку со погрешна личност – таа не го бара вистинскиот, туку совршениот партнер. Но, таа не бара некој совршен во буквална смисла на зборот (затоа што такви луѓе едноставно не постојат), туку бара човек со кој таа совршено ќе си одговара. Деталите ѝ се многу важни и од партнерот очекува мали „зачини“ во врската. На пример повремено да ѝ подари цвеќе, миризлива свеќа, но и предигри во спалната соба.

Сепак, поради нејзината скромна и конзервативна природа во многу области од животот, Девицата не е склона кон големи експериментирања во креветот (иако секогаш постојат исклучоци) и најчесто сака партнерот да ја преземе иницијативата. Бидејќи е многу строга кон себеси, сака потврда од партнерот дека во сексот сè е во ред. Најдобро ѝ оди кога е во љубовна врска со Скорпија, Близнаци, Рак, Бик и Јарец.

Пријателство

Припадничките на овој знак се познати по својата пожртвуваност и верност кога станува збор за пријателството. Девицата е секогаш тука за секое важно случување во животот на нејзините пријатели. Никогаш не ги заборава родендените на луѓето кои ѝ значат. Нејзината критичка природа и практичност ја прават пријателка која знае секогаш да го даде вистинскиот совет, но само доколку од неа се побара тоа. Девицата нема навика да се меша самоиницијативно во туѓи работи.

Кога нејзините пријатели сакаат да ѝ се заблагодарат за помошта која им ја пружила, тоа би требало да го направат на дискретен начин. Девиците не ги сакаат големите гестови и гласното искажување на емоциите. Повеќе сакаат едноставна и тивко изречена благодарност.

Изглед

Младешкото лице, остриот поглед кој секогаш детално анализира, долгиот нос, големата и широка насмевка, витката линија и малите стапала се главните карактеристики на физичкиот изглед на Девицата. Косата најчесто ѝ е кафена, а очите ѝ се крупни, во боја на лешник. Горниот дел од главата е забележливо поголем, што се поврзува со особено големата интелигенција која што ја поседуваат овие жени. Тие генерално се впечатливи и имаат особен шарм и привлечност.

Стил

Девиците се познати по својот префинет изглед и безвременска облека. Девицата сака кога во удобна облека може од работа да отиде на ручек или вечера во ресторан или да продолжи во ноќно излегување. Не можат да си го замислат животот без дезодоранси, затоа што се особено педантни и сакаат да мирисаат свежо во секое време. Но, грижата околу нејзиниот изглед и нејзиното здравје си е нејзина интимна работа и не сака многу да ги споделува тие моменти со околината. Нејзините омилени бои се земјените тонови, како сивата или жолто кафеавата, но и морнарско сината. Со својата практичност таа знае добро да ги носи сите модни комбинации. Не сака ништо екстремно, туку едноставни, практични, суптилни и прилагодливи парчиња. Многумина ја нарекуваат Девицата чувар на квалитетите.

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар