Дали си одговараат партнерите со ист хороскопски знак?

Се прашувате колку сте компатибилни со некој кој е роден во вашиот хороскопски знак? Да се биде со некој од истиот знак, може да доведе до рајска или пеколна љубовна врска. И покрај тоа што вие двајца не сте идентични, сепак ќе бидете способни да ги видите некои од вашите најдобри или најлоши карактеристики, рефлектирани во вашиот партнер. Некои парови се природно покомпатибилни од други, така што ќе зависи само од вас, дали ќе успеете да ги пронајдете меѓусебните проблеми и да ги поправите навреме.

Дали си одговараат партнерите со ист хороскопски знак?

Овен и Овен

Кога два огнени знака ќе се соединат, тоа најчесто е експлозивна комбинација. Партнерите родени во знакот Овен можат воопшто да не си одговараат доколку си дозволат постојано меѓусебно да се туркаат со роговите. Тие се енергични лидери, кои секогаш сакаат да бидат во право, но доколку започнат импулсите на партнерот да ги доживуваат како инспирација, нивната врска може да успее.

Бик и Бик

Биковските партнери може да бидат прилично компатибилни, со оглед на тоа што и двајцата се домашари, кои обожаваат да си се галат и да си разменуваат нежности во пријатна домашна атмосфера. Овие партнери репрезентираат стабилна унија. Кога меѓу нив двајца се појавуваат проблеми, голема е веројатноста дека темата е поврзана со пари или нешто друго кое ја разнишало нивната стабилност и комфорна зона.

Близнаци и Близнаци

Флертот помеѓу двајца Близнаци, може набрзо да прерасне во страсно шепотење во кревет и брза авантура. И покрај тоа што може да почне добро, сепак, на долг рок овој пар е проблематичен. Бидејќи ниеден во врската не е стабилен знак за да урамнотежува, голема е веројатноста дека тие ќе се разделат кога на едниот или другиот ќе му се досади и ќе побара забава на друго место.

Рак и Рак

Пар сочинет од два Рака може да биде компатибилен, само доколку секој од нив конечно научи да го цени фактот дека покрај себе има чувствителен партнер. Преголемиот емоционален спој од двајцата партнери, може сепак да ја уништи нивната врска. Кога овие врски завршуваат, тоа најчесто е проследено со многу солзи и тага.

Лав и Лав

Љубовните партнери со хороскопски знак Лав може да бидат неспоиви, со оглед на фактот дека секој од нив постојано ќе сака да биде главен. Моќта постојано ќе си ја префрлаат еден на друг, но вистинска рамноправност е навистина права реткост во оваа експлозивна комбинација.

Девица и Девица

Две Девици во врска можат да бидат како љубовен пар создаден од соништата. Секој од нив, има високи очекувања од другиот. Тоа понекогаш може да доведе до несогласувања, но во најголемиот број од случаите, им помага на секој од нив да станат подобри луѓе. Овие двајца се усовршуваат еден со друг.

Вага и Вага

Ваквиот пар може да функционира, доколку и обајцата научат дека не треба да се караат за сѐ и сешто, туку внимателно да ги одбираат оние теми, со кои можат да направат некои промени во врската. Иронично, но и двајцата во оваа врска сакаат хармонија, а честопати еден од нив ќе се повлече и ќе дозволи бесот да му зоврие, наместо да се препира за секој детаљ. Компатибилноста помеѓу овие двајца зависи од нивната свест за забележување на проблемот.

Скорпија и Скорпија

Иако две Скорпии можат многу брзо силно да се заљубат, врската сепак може да не биде толку компатибилна уште од самиот старт. Романсата честопати може да биде нарушена од редовни кавги и емоционални превирања. Овие двајца можат да ја одржат конекцијата, но секогаш ќе постојат страсни разлики помеѓу нив.

Стрелец и Стрелец

Навистина е тешко двајца Стрелци да бидат во хармонична врска, едноставно поради тоа што двајцата се натпреварувачки настроени. Исто така секој од нив се плаши дека другиот може да му ја наруши слободата. За среќа, двајцата се искрени еден кон друг, со што можат да ја надминат природната некомпатибилност.

Јарец и Јарец

Ваквата врска може да трае долго, бидејќи двајцата партнери знаат дека на другиот му е потребен живот и надвор од врската. Меѓусебно почитувајќи си го работниот и приватниот живот, двата Јарци пополека оформуваат силна конекција од заеднички интереси.

Водолија и Водолија

Иако ова е одлична комбинација за пријателска врска, бидејќи Водолиите знаат да се поттикнуваат меѓусебно на индивидуални активности, сепак во љубовна врска ова може да ги направи партнерите малку себични. Двајцата можеби ќе почнат да го игнорираат емоционалниот аспект на врската, освен доколку успеат заеднички да ги решаваат проблемите.

Риби и Риби

Парот составен од двајца родени во знакот Риби, може однадвор да изгледа како совршен. Но, иако тие заедно сонуваат, никогаш не се трудат нивните мечти да станат јаве. Ова може по одредено време да доведе до инкомпатибилност. Двајцата партнери мораат да се потрудат да не се жртвуваат себеси за врската до степен, да станат пасивни и гневни.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар