Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа?

Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа?

Со секој од хороскопските знаци владее некој од четирите елементи: Оган (Овен, Лав, Стрелец), Земја (Бик, Девица, Јарец), Воздух (Близнаци, Вага, Водолија) и Вода (Рак, Скорпија, Риби), а секои од овие елементи го одликуваат одредени особини и активности. Огнените знаци се наклонети кон спорт и игри во кои е потребна посебна вештина, земјените знаци се тесно поврзани со природата и различни креативни активности, воздушните повеќе тежнеат кон интелектуални цели истражувања, а водените најдобро се снаоѓаат кога се занимаваат со уметност и духовност. Доколку ја барате вашата сродна душа, обидете се на места каде што е најголема можноста да сретнете луѓе кои најмногу одговараат на вашиот хороскопски знак.

(0) Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа

Огнени знаци

Тие се енергични, ентузијасти и многу социјални. Луѓето со кои владее овој елемент често се во движење и својата енергија ја полнат обично на места каде што има многу физичка активност. Затоа, родените во знаците на Овен, Лав и Стрелец, многу често ја пронаоѓаат својата сродна душа во фитнес клубови или на спортски игралишта. Вклучување во активностите на некој клуб или на некој спортски тим, може да биде предност во романтичната потрага. Огнените знаци се многу натпреварувачки настроени и можат својата љубов да ја пронајдат и на некои спортски случувања, турнири или друг вид натпревари. Тие се импулсивни и повеќе им одговараат места каде што луѓето можат да се изразат без стравови и притисоци, каде што се чувствуваат релаксирани и свои.

(1) Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа

Земјени знаци

Луѓето родени во овие знаци се сензуални, стабилни и практични. Затоа Бикот, Девицата и Јарецот се одлучуваат за хоби во коешто примарно сетило е допирот, како што се готвењето, работата со дрво, вајарство, плетење. Доколку барате некој кој ќе ја дели вашата страст за создавање убави нешта надвор од материјалниот свет, запишете се на курс за некоја активност каде што допирот и работата со дланките доаѓа до израз. Овие знаци се исто така многу социјални и можат да го пронајдат својот душевен мир доколку се приклучат во групи кои се занимаваат со култура или екологија. Тие се исклучително поврзани со физичката складност и мораат својата љубов да ја бараат онаму каде што сите сетила се поврзани на убав, креативен начин. Избегнувајте стерилни места, а дајте му предност на конструктивниот развој.

(2) Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа

Воздушни знаци

Родените во овие знаци се интелектуални, објективни и аналитички настроени. Доколку сте под влијание на овој елемент, потребен ви е партнер кој може да ве следи во вашата спиритуалност. Ако сте во потрага по вашата сродна душа, фрлете поглед кон некои литературни клубови, клубови на писатели и поети, клубови за социолошки дебати или на некои политички организации. Луѓето кои се родени во знаците на Близнаци, Вага или Водолија се љубопитни, и можат да ја пронајдат својата љубов во библиотека, книжара или пак, некоја државна институција. Всушност, секаде каде што има многу информации со различна намена. Воздушните знаци постојано мораат да имаат ангажирани умови, така што можете да си барате друштво онаму каде што интелигенцијата е на врвот и го има приматот. Не одете на места каде што има медиокритети.

(3) Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа

Водени знаци

Раковите, Скорпиите и Рибите се креативни и интуитивни. Доколку припаѓате на некои од овие три знака, барајте партнер кој ќе знае да ја почитува уметноста. Вашата сродна душа можете да ја сретнете во некој танцов клуб, во кино, во театар или во музеј. Водените знаци, исто така, имаат силен инстинкт и главно кај луѓето повеќе го почитуваат нивното дејствување, отколку она што го кажуваат (некои луѓе се силни само на зборови, но водените знаци тоа одлично знаат да го препознаат). Можете да пронајдете прекрасен љубовник во некој хуманитарен центар, на сите места каде што луѓето го посветуваат своето време на нешта преку кои светот може да стане барем малку подобар и поубав. Водените знаци тежнеат кон тоа да се поврзат со луѓето на емоционално ниво и затоа им се потребни места каде што има многу луѓе, но исто времено кои нудат одреден мир и спокој. Доколку сте родени во некој од овие три знака, стојте подалеку од места кои ја обесхрабруваат искрената дискусија. Вашата сродна душа мора да ги дели со вас истите интереси или во себе да носи искрена заинтересираност за тоа што вас ве прави среќни.

(4) Хороскопот открива: Каде ве чека сродната душа


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар