Градинарскиот центар ФОЈА им ја честита есента на своите потрошувачи со неверојатна понуда на надворешни декоративни садници!
Периодот на есента е идеално време за посадување на надворешни растенија. Тие освен што носат многу радост за очите, исто така ја смируваат нашата енергија, и ни помагаат да се одмориме. Убавиот двор или балкон е идеално катче за релаксација, и претставува уникатно обележје за една куќа.
ШТО ЌЕ ПОСАДИШ, ТОА ЌЕ НАБЕРЕШ, вели македонската поговорка и во директна смисла на пораката, со садење, не само што придонесуваме кон поубава и поеколошка средина, туку го креираме нашиот интимен простор и имиџ.
Во Градинарски центар Фоја, кој се наоѓа во Кисела Вода на ул. Народни Херои, посетителите можат да најдат широк асортиман на декоративни садници по пристапни цени, да добијат совети за нивното зеленило и преку промотивната акција плати две, земи три да дојдат до квалитетни и евтини декоративни садници.
За оваа можност можете да се информирате на телефонот: 2 772 046, преку имејл адресата fojako@yahoo.com или преку фан страната на Фејсбук.
Оперативниот тим на Фоја:
- Изведува уникатни, едноставни и функционални пејзажни проекти за јавни, деловни и приватни површини. Истите квалитетно ги реализира и по потреба ги одржува
- Одгледува партерно зеленило
- Годишно, тековно или повремено одржува деловни и приватни дворови
- Дијагностицира болести и потреби на растенијата