Андријана Андова | Кафе пауза - Part 2

Хана (Hanna)

Филм за тоа дека не можеш да побегнеш од својот генетски код дури и ако тој те прави ладнокрвен убиец...

Пол (Paul)

Филм за тоа како понекогаш се покажува дека вечните „чудаци“ всушност биле во право и за средбите од трет вид кои можат да бидат и пријатно животно искуство...

Деверуши (Bridesmaids)

Филм за тоа како понекогаш ни е полесно да мислиме дека сме жртви и дека целиот свет е против нас иако најчесто самите сме си најголем непријател...

Пуштени од ланец (Hall Pass)

Филм за тоа како секојдневната животна рутина, особено додека сте во брак или во долга врска, може да направи да заборавите зошто сте воопшто заедно...

Изворен код (Source Code)

Филм за потрагата по вистинската приказна, за потребата да се смени минатото, за втората шанса…

Супер 8 (Super 8)

Филм за тоа дека некогаш животните настани може да те направат чудовиште иако длабоко во себе не си...

Депонија (Waste Land)

Документарен филм за неправедноста во животот кој некогаш може да те фрли и на ѓубриште, за достоинството со тоа што си и тоа што го работиш (доколку е чесно), но и за човековата потреба да направиш нешто повеќе за себе...

Цимерката (The Roommate)

Филм за предаторите околу нас кои може да дојдат во различна форма и облик...

Непознат (Unknown)

Динамичен трилер за потрагата по сопствениот загубен идентитет, во буквална смисла на зборот...

Само продолжи со тоа (Just go with it)

Филм за лагите и за тоа кога е вистинско време да престанеш со нив и да ја кажеш вистината... како едно „Пинокио“ патешествие може да ти разјасни некои работи и да ти донесе позитивна животна промена...

Во подобар свет (In A Better World)

Филм за неправдите и за насилството кои не пресретнуваат без разлика дали сме деца или возрасни луѓе и кој е вистинскиот однос кон нив...

Елитен оддел 2 (Elite Squad 2)

Филм за политичките игри и за тоа како смртта на „обичните смртници“ не значи ништо за моќниците додека кешот оди во џебот, но и за промените кои малите луѓе можат да ги направат, за потоа... сè да се врати на старо.