Андријана Андова | Кафе пауза - Part 3

Рио (Rio)

Анимиран филм за менталитетот, за оној „северниот“, кој е стегнат, ригиден и на кој му се потребни решетките на кафезот, наспроти оној „јужниот“ исполнет со звуците на самба и сето тоа раскажано низ авантурите на две птици...

Тоа е еден вид смешна приказна (It’s Kind of a Funny Story)

Филм за тинејџерскиот притисок и за „сечењето вени“ поради лошите оценки, девојките, пријателите...

Превртено (Flipped)

Филм за тоа како работите можат да бидат сјајни на површина, а скапани во сржта (и обратно), за семејството и за детската невина љубов, која не е ни за грам помалку вредна од "возрасната"...

Агенти на судбината (The Adjustment Bureau)

Филм за судбината и за љубовта, за тоа колку сме подготвени за да излеземе од патот кој ни е зацртан и да се избориме за работите што навистина ги сакаме во животот.

Песјак (Dogtooth)

Филм за изолацијата и за извртениот поглед кон светот, за тоа што се случува кога твоите родители поради сопствени психози од тебе ќе направат лабораториско глувче, а од твојот живот експеримент кој тргнал на лошо...

Животинско кралство (Animal Kingdom)

Филм за работите кои немаме право да ги избираме, како што е семејството и што кога тоа ќе се сврти против нас.

Познатите фаци во филмски утки

Никој не е безгрешен па така ни познатите, а во овој случај зборуваме за нивниот избор на филмските улоги. Лошиот филм, исто како и добриот, е заеднички труд, но најчесто на актерите најмногу им се „пишува“.

Шишање (Skinning)

Филм за загубената генерација на деца преполна со гнев кон другите и кон животот, за оние со кои лесно се манипулира, за... скинерите

Зимска коска (Winter’s bone)

Филм за точката бело во море на црнило, за малите животни победи, за женската борба да се зачува она што може...

Зајачка дупка (Rabbit Hole)

Филм за загубата и за тоа како понатаму откако ќе ви се случи најстрашното. Што откако сите грижливи пријатели ќе си заминат дома и ќе останете сами со своите мисли?

Закопан (Buried)

Минималистички и клаустрофобичен филм за неочекуваните кошмарни животни пресврти и за борбата за живот до последната секунда...

Црниот лебед (Black Swan)

Надреален психолошки трилер за патолошката борба сам со себе и со останатите за професионален успех, за подготвеноста да се направи сé за целта...