„Пиреј“ на Андреевски – симбол на неуништливоста на македонскиот народ

„Пиреј е троскотна трева, а некои ја викаат коштева. Ама ти колку сакаш кошкај ја, корни, ја, куби ја, таа пак не умира. Само малку да допре до земјата и пак ќе се фати, ќе оживи, ќе потера. Ништо не ја ништи таа трева.“
Датум: 30 апр 2014
, Автор:

Прекрасни цитати од Петре М. Андреевски

„Човек не треба во ништо да верува и најубаво му е на оној во ништо што не верува, во ништо што не се надева. Така барем ништо не може да го изненади...“.