„Слатки мали лажливки“ во серијал од 4 слатки книги | Кафе пауза



Доколку ви се допаѓа популарната ТВ серија „Убави мали лажливки“, тогаш со сигурност ќе уживате и во четирите продолженија во печатена форма. Еве за што станува збор во интересните продолженија, кои можете да ги најдете во продавниците на Просветно дело.

1. ДЕЛ – СЛАТКИ МАЛИ ЛАЖЛИВКИ

„СЛАТКИ МАЛИ ЛАЖЛИВКИ“ во серијал од 4 слатки книгиСекој има нешто што сака да го сокрие – особено средношколките Спенсер, Арија, Емили и Хана.
Спенсер копнее по момчето на сестра ù. Арија фантазира за својот професор по англиски. Емили е „зацапана“ во новодојдената девојка во училиштето. А Хана употребува некои гадни трикови за да остане убава.
Сите заедно криеја уште една многу поголема тајна откако исчезна нивната другарка Алисон.

Како знам? Бидејќи јас знам сѐ во врска со тоа колку лоши девојки беа и колку безобразни девојки се сега. И знаете што? Знам точно. -А

2. ДЕЛ – БЕЗГРЕШНА

„СЛАТКИ МАЛИ ЛАЖЛИВКИ“ во серијал од 4 слатки книгиЧетирите слатки мали лажливки беа многу лоши.
Спенсер ù го презема момчето на сестра ù. На Арија ù е скршено срцето поради нејзиниот професор по англиски. На Емили ù се допаѓа нејзината нова другарка Маја, повеќе отколку само како другарка. Поради опседнатоста да биде и да изгледа безгрешна, на Хана постојано ù се слошува. А нивната најужасна тајна е толку скандалозна што вистината би можела да ги уништи засекогаш. Со секоја стуткана белешка, злобна инстант-порака и одмаздничка СМС-порака кои им ги испраќам, ќе ги уништувам овие слатки мали лажливки.

Верувајте ми, можам за да ги закопам живи. -А

3. ДЕЛ – СОВРШЕНА

„СЛАТКИ МАЛИ ЛАЖЛИВКИ“ во серијал од 4 слатки книгиВо Роузвуд, Пенсилванија, четири девојки што изгледаат совршено, не се воопшто совршени како што се чини.
Арија не може да одолее на забранетата љубов. Хана е на работ да ја изгуби својата најверна другарка. Емили ја збудалуваат поради најобичен бакнеж. А Спенсер никако да си ги тргне рацете од нештата што ù припаѓаат на сестра ù.

Блазе си ми! Јас ги познавам овие слатки мали лажливки подобро отколку што си се познаваат самите. Но тешко ми е да ги чувам нивните тајни само за мене. Попаметно ќе им биде да постапуваат онака како што јас ќе им кажам… или ќе им направам нешто! -А

4. ДЕЛ – НЕВЕРОЈАТНА

„СЛАТКИ МАЛИ ЛАЖЛИВКИ“ во серијал од 4 слатки книгиПрекрасните животи на четирите мали лажливки се претворија во кошмари.

Емили е испратена во Ајова за да живее со своите конзервативни роднини. Момчето на Арија е зад решетки заради неа.

Спенсер стравува дека е вплеткана во убиството на Али. Но, судбината на Хана е најлоша: се бори за живот во болница – бидејќи знаеше премногу.

Ако овие девојки не почнат да ме слушаат, Хана ќе делува како среќница. -А

Просветно дело наградува еден посетител на Кафе пауза со целиот серијал „Слатки мали лажливки“.

За да учествувате, пишете ни ја вашата најслатка лага што некогаш некому сте ја кажале. Наградната игра ќе трае до 7 јуни, а добитниците ќе бидат избрани од уредниците. Затоа, внимавајте што ќе пишете. ;)
Наградите ќе можете да си ги подигнете во книжарница бр. 2 (во редот на полициската станица Беко).


ШОПИНГ И ЗАБАВА ВО ПРООСВЕТНО ДЕЛО!

На 4, 5 и 6 јуни во сите книжарници на Просветно дело, а по повод крајот на учебната година, сиот асортиман ќе се продава со 30% попуст, а романите со 50% попуст. Под мотото Шопинг и забавa, освен попуст, Просветно дело на сите свои потрошувачи им нуди можност да освојат една од 500-те вредни награди со едноставно пополнување на купон кој можат да го добијат на касата на која било нивна книжарница.

Извлекувањето на наградите ќе се случува на 6 јуни во 13 часот пред книжарницата бр.2 на Просветно дело. По соопштувањето на добитниците, започнува забавата која ќе трае цел дел, а на која ќе гостуваат музичките ѕвезди Димитар Андоновски и Сара Поповска, солисти од фестивалот Поточиња, балетски групи од студиото Ребис и деца-модели од модното студио Црнокрак и други.