Доколку имате силна желба, соодветни вештини и доволно време за пишување, сакате креативна работа од дома и го читате нашиот сајт, веќе сте на пола пат да станете хонорарен автор на Кафе пауза.

Следниот чекор е да аплицирате!

Потребни квалификации:

  • Добро изразување и одлично познавање на македонскиот литературен јазик
  • Одлично познавање на англиски и српски јазик
  • Способност за креативно изразување, превод и пишување авторски текстови
  • Вештини за селектирање, надополнување и проверување на точноста на информациите
  • Широк спектар на интереси за покривање теми од застапените области на Кафе пауза
  • Способност за наоѓање квалитетни, издржани и интересни извори на содржини (линкови)
  • Познавање на некоја алатка за обработка на фотографии, на пр. Фотошоп (предност)
  • Искуство во уредување содржини на веб (предност)
  • Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
  • Спремност за фиксно работно време од 4 часа на ден (од дома) за период од 9 месеци (со можност за продолжување на договорот)
  • Подготвеност за викенд дежурства
  • Брзина, навременост и способност за добро планирање на работниот ден
  • Желба за усовршување, надградување и напредување
  • Исполнителност, посветеност, одговорност и најважно – ЖЕЛБА ЗА ПИШУВАЊЕ!

Вашето CV, заедно со мотивационо писмо (кажете ни што знаете и можете и зошто би сакале да бидете дел од нашиот тим) и линкови или прилози од само 2 ваши објавени текстови (доколку имате) испратете ни ги на admin[at]kafepauza.mk со назнака во subject: Aplikacija za avtor. Аплицирајте најдоцна до 31 јануари. Со среќа!