Оглас за ангажирање заменик-уредник на Кафе пауза | Кафе пауза

 
 

Дојде време да ги освежиме нештата во нашиот тим. Ни треба одговорна, квалификувана и енергична личност која секојдневно ќе го насочува авторскиот тим и ќе придонесува кон содржински развој на сајтот. Доколку ги исполнувате долунаведените критериуми, не двоумете се дали да ни ги испратите вашите документи за аплицирање. Ве очекуваме!

Потребни квалификации:

  • Високо образование (предност имаат кандидатите што имаат завршено новинарски, комуниколошки, јазични студии и книжевност)
  • Одлично познавање на англиски и српски јазик
  • Вештини за литературно и креативно изразување
  • Широк спектар на интереси и познавања од областа на застапените теми на Кафе пауза
  • Остро око за воочување пропусти во пишувањето (фактографски, правописни, јазични), како и визуелни и технички недоследности
  • Вештини за селектирање, надополнување и проверување на точноста на информациите
  • Способност за избор на квалитетни, издржани и интересни теми и извори на содржини
  • Снаодливост со веб и компјутерски алатки (искуство со Фотошоп ќе биде предност)
  • Искуство во уредување содржини на веб (предност)
  • Вештини за одржување на социјални мрежи (предност)
  • Спремност за фиксно работно време од 8 часа на ден (од дома) за период од 9 месеци (хонорарно, со можност за продолжување на договорот) или со редовно вработување (преферирана варијанта), како и за надгледување на работата за време на викендите
  • Брзина, навременост, точност и способност за добро планирање на работниот ден
  • Позитивен дух за развој на квалитетот на работа и унапредување на целиот сајт
  • Исполнителност, посветеност, иницијативност и одговорност

Работни обврски:

  • Секојдневна комуникација со авторите околу изворите на содржини, изборот на теми и начинот на уредување
  • Одобрување на најдобрите теми за работа и одбивање на несоодветните
  • Мотивација на авторскиот тим и давање редовни насоки за работа со цел нивен личен напредок
  • Прегледување и уредување на содржини (проверка на факти, превод и правопис, корекции во начинот на изразување, фотографиите и целосниот дизајн на страниците)
  • Одржување на профилите на социјалните мрежи и комуникација со публиката преку сите канали
  • Пишување авторски содржини и обработка на теми прилагодени од странски извори
  • Водење редовна евиденција за својата работа, за работата на останатите членови на авторскиот тим, како и за издавачките активности на ниво на целиот сајт
  • Преземање одговорност за објавените содржини и справување со евентуалните пропусти и забелешки од страна на публиката
  • Останати активности во склоп на работното место

Нудиме:

Можност за редовен платен ангажман на еден од најпопуларните портали во Македонија во флексибилни услови за работа од дома (виртуелна канцеларија), како и континуирани можности за учење и напредување.

Доколку се пронаоѓате во мноштвото од напишаното, испратете ни ги вашето резиме, мотивационо писмо, линкови од два ваши објавени материјали и други документи кои сметате дека можат да бидат релевантни за позицијата на admin[at]kafepauza.mk со назнака Aplikacija za zamenik-urednik во полето за предмет на пораката. Аплицирајте најдоцна до 31 јануари. Со среќа!