Душата го напушта телото кога сонуваме: Теорија на древните Индијанци која ќе ве замисли

Душата го напушта телото кога сонуваме: Теорија на древните Индијанци која ќе ве замисли

Старите Индијанци верувале дека нашите духовни водачи или ангели чувари комуницираат со нас преку сонот, користејќи различна симболика за да се обидат да ни кажат нешто важно за животот. Тие верувале дека секој човек има 3 души, првата е его душата која е отелотворена во воздухот, другата е тело душата која дава енергија на телото и животна сила во будната состојба, а третата е слободната душа која го напушта телото во текот на сонот или е во состојба на транс.

Душата го напушта телото кога сонуваме: Теорија на древните Индијанци која ќе ве замисли

Додека третата патува, првите две го одржуваат телото живо. За Индијанците сонувањето било многу важно, било длабоко вткаено во нивната традиција и духовна пракса. Децата од најмладите денови учеле да ги памтат своите соништа за подоцна да можат да ги проучуваат и од нив да извадат патокази за своите животи.

Според нивната теорија, третиот, слободен дел од нашата душа во текот на спиењето излегува од телото и истражува други димензии. Верувале дека душата во текот на своето патување комуницира со душите од другите луѓе, но и со животните. Голем дел од нивната филозофија била заснована на сфаќањето дека животот сам по себе е eден голем сон, а соништата служат да се потсетиме колку овој свет е минлив и непостојан.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар