Папагал имитира караница на брачен пар кој се развел

Родителите не треба да се расправаат пред децата затоа што тие подоцна можат да повторат сè што тие кажале, а истото важи и за оние кои дома чуваат папагал кој зборува. Доказ за тоа се Дон и Илејн Сигмон, брачен пар кој 23 години живее заедно со какаду папагалот Пичес, птица која сè уште ги памети караниците од нејзините претходни сопственици кога живеела со двојка која се разведувала. Дон и Илејн ја купиле Пичес од нив, а со неа дошле и нејзините навики.

„Таа го почна своето шоу неколку дена откако ја донесовме дома и сите многу се смеевме. Не можеме да ја разбереме што зборува додека се кара“, вели Дон.

Инаку тие потврдуваат дека Пичес сепак знае да зборува и културни работи, да се поздравува и да изјави љубов.