Дланката кажува многу за карактерот: Откријте кој е вашиот елемент и што значи тоа за вас

Дланката кажува многу за карактерот: Откријте кој е вашиот елемент и што значи тоа за вас

Вилијам Џон Ворнер во 1894 година издал книга за читање на дланките, каде што, помеѓу останатото, нагласил дека секоја дланка може да биде поврзана со некој од четирите елементи: Вода, воздух, земја или оган. Главните карактеристики се забележуваат со внимателно прегледување на должината и обликот на прстите, но и на самите дланки. Погледнете во продолжение во кој елемент ќе се пронајдете вие.

Дланката кажува многу за вашиот карактер: Откријте кој сте вие од овие четири елементи

Воздух

Рацете во елементот воздух се долги и тенки, најелегантни од останатите. Вообичаено овие луѓе имаат подолги плочи на ноктите, а честопати имаат и долги нокти. И самата дланка е издолжена, па цел впечаток е повеќе од елегантен. Во вештината на читање на дланките се верува дека менталната енергија на човекот настанува во зглобовите, па преку дланката стигнува до врвовите на прстите. Поради тоа личностите со раце во знакот на воздух добро размислуваат пред да направат нешто. Покрај тоа, долгите прсти се знак на активен ум кој никогаш не се одмора. Тие може да запаметат неверојатна количина информации, а брзо им се досадува, па постојано бараат нова забава.

Оган

Рацете во елементот оган се одликуваат со широки дланки и кратки прсти. Ако раката делува премногу кратко и заоблено, тоа е знак дека личноста е тврдоглава. Ако покрај ова зглобовите на прстите се пошироки од вообичаените, знајте дека со оваа личност тешко се излегува на крај. Луѓето со кратки дланки многу брзо донесуваат одлуки. Од нив потекнуваат сите брилијантни идеи кои другите не би се осмелиле да ги спроведат, но проблемот е во тоа што тие бргу им поминуваат. Овие луѓе се идеални за продавачи, затоа што имаат такви способности. Тие се љубезни и не можете да им се спротивставите, дури и кога не сакате да учествувате во она што тие ви го предлагаат. Имаат харизма и секогаш се во центарот на вниманието.

Вода

Покрај родените во елементот воздух, и луѓето родени во елементот вода имаат прилично долги раце, но се одликуваат и со влажност која другите ја чувствуваат кога се ракуваат со нив. Многу често дланките на овие личности се испотени, но дури и кога не им се, тие создаваат некое влажно чувство. Дланките им се заоблени и набиени, па ваквите личности се многу емотивни и имаат меки раце. Тие секогаш сочувствуваат и поради тоа е неопходно да формираат некој заштитен штит околу себе, за да не бидат повредувани или искористувани. Додека на другите им опростуваат речиси сѐ, себеси не си дозволуваат ниту најмала грешка, па многу страдаат додека не научат да си простат. Сите сакаат да имаат вакви луѓе како најдобри пријатели. Секогаш имаат разбирање за сѐ и спремни се да помогнат, а често е доволно само да го чуете нивниот глас и да се смирите.

Земја

Овие луѓе имаат дланки како шепи на мечка. Тие им се големи, долги, широки, со еден збор, огромни! За разлика од елементот вода, дланките на луѓето во елементот земја им се премногу суви. Овие луѓе честопати се многу тивки, но тоа не значи дека се срамежливи. Тие се како планина: Сигурни, непроменливи и спремни по секоја цена да им се спротивстават на промените. Овие луѓе се многу вешти со нивните раце, па најчесто за живот заработуваат од некој занает, или пак едноставно тоа им е некакво хоби. Тие може да бидат сѐ – од масери до столари. Тие не се премногу емотивни и се гордеат со тоа. Не ги интересира религијата, ниту духовноста, туку само цврстите научни факти. И во животот се такви, постојано бараат веродостојни и непроменливи луѓе, а не толерираат никакви драматизирања.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар