Љубовен експеримент: Погледнете ги реакциите на паровите кои 4 минути непрекинато се гледаат во очи

Што се случува доколку 4 минути, без прекин, го гледате вашиот партнер во очи? Според едно неодамнешно истражување, тоа може да помогне при подобрување на интимноста во љубовната врска. Но, дали е тоа вистина? Гледајќи ги реакциите на испитаниците во овој видео експеримент, можеме слободно да заклучиме дека резултатите се вистинити.

Истражувачите решиле да спроведат експеримент на 6 парови, секој во различен стадиум од својата врска (вклучувајќи и еден пар странци) со цел да добијат одговор на ова прашање. Сите испитаници на почетокот изгледаат вознемирени, а дел од нив дури и ја признаваат својата нервоза.

Но, по 1 минута „чудното“ чувство исчезнува што многу јасно ни дава до знаење дека доволни се само неколку минути непрекинат контакт со очи за да се случи нешто на емоционално ниво. Нешто што е фасцинантно за гледање, се согласувате?