„Не те сакам повеќе“: Што да правите и како да продолжите понатаму ако партнерот се изладил?

Еден од најтешките моменти во врската е оној кога ќе сфатите дека личноста која ја сакате најмногу на целиот свет, не ги споделува истите чувства кон вас. Тој или таа не ве сака со истиот интензитет како порано. Тоа е момент за кој секој се надева дека никогаш нема да го почувствува на своја кожа. Прашањата кои тогаш ни поминуваат низ глава се:„Што се случи?“, „Каде згрешив?“, „Како не забележав досега?“ Можеби одговорот се крие во тоа дека премногу сме се гледале себеси, нашите потреби и стравови, а не реалната ситуација.

1-ne-te-sakam-povekje-shto-da-pravite-i-kako-da-prodolzhite-ponatamu-ako-partnerot-izladil-www.kafepauza.mk_

Љубовта е неверојатно комплексно искуство. Велиме „искуство“, бидејќи таа не е само емоција. Таа е промена на реалноста, промена на начинот на нашето размислување. Па кои се причините поради кои љубовта на едниот партнер започнува да се гаси? Можеби тоа што љубовта не се ни одржувала жива, туку партнерите дозволиле таа да се угаси.

Без разлика која и да е причината, кога ќе слушнеме „Не те сакам повеќе“, светот почнува да ни се руши, а болката завладува со телото и душата.

Колку била љубовта подлабока, а врската посериозна, толку раскинувањето ќе биде поболно. Тогаш телото и душата ќе мораат да ги совладаат сеќавањата кои некогаш предизвикувале насмевка, а сега болката неопходно ги напишала на лист, за накратко да излезат од вас. Немојте да ги задржувате емоциите, плачете на цел глас, пружете си ја на себе најдобрата утеха што ја имате во тој момент.

После признавањето дека љубовта се гаси, првиот логичен чекор е иницирање на раскинување. Тоа не мора да се случи веднаш, но нормално е дека во одреден момент ќе се случи. Важно е да запомните дека со сила не можете никого да задржите. Најдобро е да го пуштите, ако се врати, тогаш бил вреден за солзите.

2-ne-te-sakam-povekje-shto-da-pravite-i-kako-da-prodolzhite-ponatamu-ako-partnerot-izladil-www.kafepauza.mk_

Прашањето кое почесто ќе си го поставувате гласи: „Кога се промени и каде се изгуби љубовта кон мене?“ Не се менуваат само луѓето – туку и начинот на кој ние ги гледаме. Нашите искуства, проблеми, како се бориме со нашите искушенија… сето ова влијае на врската.

Кога нашите проблеми ќе започнат да ја дефинираат врската, се менува и начинот на којшто го гледаме партнерот. Ја избегнуваме љубовта, поддршката од партнерот… Сакаме осаменост и ништо повеќе. Најверојатно и на другата страна е исто и љубовта полека започнува да се губи. Во моментот кога ќе заврши лошиот период, тешко е да се вратите на старото. Тогаш ги отвораме очите и забележуваме колку многу се променило. Во мислите се враќаме на среќните времиња и се потсетуваме колку многу љубов имало порано. Се сеќаваме на партнеровиот заљубен поглед, кој сега не можете да го пронајдете.

Единственото нешто што може да го направите е да ја прифатете новата, ладна состојба на вашата врска и да продолжите понатаму.

Можеби повторно ќе сакате, но секогаш ќе се сеќавате како сте ја изгубиле љубовта, т.е. како таа се изгасила и горкиот вкус на реченицата „Не те сакам повеќе“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар