Погледнете како оваа жена магично се трансформира во барбика за само 90 секунди

Доколку некогаш сте сакале да се маскирате во барбика, тогаш овој туторијал од страна на познатата мејкап артистка Канди Џонсон ќе ви помогне да ја остварите вашата цел. Ако можете да ја следите, секако.

Во ова забрзано тајмлапс видео, таа се претвора од нормална личност во прекрасна барбика. Целиот процес изгледа толку магично што дури и ќе ве хипнотизира. Откако ќе завршите со гледање, вие без сомнение ќе се чувствувате многу зен. Без објаснување зошто.