Погледнете како оваа мечка лудо се забавува во базен

Изгледа дека оваа мечка обожава да биде покрај вода. Таа делува како да го има најдобриот ден од својот живот додека скока во еден мал базен и плива весело, шлапкајќи во водата. Со оглед на тоа што нè чека долго и топло лето, сигурни сме дека и ние ќе ја имаме истата оваа реакција кога ќе отидеме на базен…