Панда родила близнаци благодарение на вештачко оплодување

Кина гордо ги претстави новите панда близначиња кои се родени благодарение на вештачко оплодување, како дел од напорите да се зголеми бројот на ова загрозено животно, кое неофицијално се смета за национална маскота на оваа држава.

Две женки, сè уште без крзно и со затворени очи, вчера биле покажани пред обожавателите во Центарот за одгледување џиновски панди во градот Ченгду. Нивната мајка, 7-годишната Келин, на свет ги донела овие бебиња во понеделникот.

Директорот на Центарот во Ченгду, Ву Конгџу, изјавил дека пандите се во добра форма според тоа колку пијат млеко и со оглед на нормалната температура на нивните тела.

Според последните податоци, во дивините низ светот живеат 1.864 примероци од овие ретки животни.