Жена одлучила да ја документира загубата на нејзините дојки на храбар, креативен и духовит начин

32-годишната Аниела Мекгинис пред една година дознала дека има рак на дојките 3 дена пред закажаната превентивна мастектомија. Соочена со стравот од она што следува, од промените кои ќе ги претрпи нејзиното тело, но и нејзината душа, таа одлучила да започне едно нетипично патување. Така Аниела го започнала нејзиниот фотопроект „My Breast Choice“ кој се состои од храбри и хумористични фотографии со нејзините дојки во фокусот, пред и после интервенцијата.

За нејзе борбата со ракот е повеќе од преживување. А за да го покаже тоа, таа вовела хумор, искреност и креативност во нејзиниот интимен проект, а со тоа и во животот. Како резултат на тоа, таа полесно се изборила со целиот процес, но и оставила нешто вредно зад себе кое носи голема порака. Со слободни зборови: Сакајте го вашето тело, сакајте ги вашите гради и ако сте соочени со оваа болест, совладајте ја промената на свој начин. Таа на пример, одлучила да не ги тетовира своите гради, ниту да им додава брадавици, бидејќи како што вели: „уживам во шегите на сметка на тоа, и во слободата од тоа што ги немам“.