Најсмешното нешто денес: Елен Деџенерис готви со рацете на Бредли Купер

Со цел да соберат 10.000 долари за истражувачки цели во областа на ракот на дојката, Елен и Бредли се сложиле да го направат ова видео во кое таа е лицето пред камерата, во улога на главен готвач, додека Бредли одзади „диригира“ со своите раце. Звучи интересно, но посмешно е одошто би можеле да претпоставите. „Рацете“ умешно сечкаат краставици, жонглираат со моркови и подготвуваат свежи тестенини, а „Готвачот“ сосема природно се снаоѓа со туѓите раце. Многу забавно и за одлична цел. Што повеќе би можеле да очекуваме од овие две талентирани лица од шоу-бизнисот!?