Застрашувачки социјален експеримент ни покажува колку е лесно да се киднапира дете

Јутјуберот Џоу Саладс ги вознемири родителите ширум светот откако објави видео со социјален експеримент кој покажува колку лесно може еден странец да го киднапира нивното дете. За експериментот, тој прво барал дозвола од родителите да им пристапи на нивните деца, а потоа со слатко кученце ги убедил рака под рака да си отидат од игралиштето со него.

Сите родители во ова видео биле убедени дека нивното дете нема да замине со странец, но нивните реакции го покажуваат она што секој родител би го почувствувал во оваа ситуација.

„Над 700 деца се киднапирани секојдневно. Тоа е повеќе од четвртина милион за една година“, објаснува тој. „Дали вашите деца се безбедни?“