Овој тигар за прв пат има можност да плива

Тигрите Карли и Лили биле спасени од нивните сопственици кои немале средства соодветно да ги чуваат, поради што тие биле во лошо здравје и со видливи знаци на анксиозност и нервоза. Но, за среќа им било најден нов дом во засолништето „Safe Haven“ каде што тие ќе имаат можност да оздрават и да се подобрат.

Но, она што е најинтересно во ова видео е и запознавањето на Карли и Лили со неодамна изградениот базен. Сите мислат дека овие животни мразат вода, но вистината е сосема спротивна. За разлика од мачките, тигрите обожаваат да се бањаат, да пливаат и да си играат во вода.