Бидете во тренд: Накит кој ќе ја одбележи оваа зима

Накитот е најубавиот украс на една жена. Без него и најелегантниот изглед делува непотполно и безлично. Дури и кога ќе изберете едноставна облека, атрактивните обетки, ѓердан или алки, ќе направат одеднаш да заблескате. Непотребно е да спомнеме дека доброто парче накит прави една жена да изгледа моќно и софистицирано. И оваа зима одреден накит мора задолжително да го имате, а што е апсолутен хит, дознајте во текстот.

1-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

1. Бисерни обетки

Класика и накит за вечност. Но, бисерниот модел на обетки кој треба да го носите оваа зима е оној кој е украсен со бисери од двете страни. Бисерите ќе направат да изгледате како вистинска дворска дама.

3-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 4-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 2-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

2. Златен ѓердан

Уште еден класичен модел на накит кој е безвремен и никогаш нема да излезе од мода. Голем и гламурозен ѓердан во златна боја се комбинира со буквално сè: со атрактивни фустани, за формален изглед, но и со џемпер, фармерки и чизми.

5-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 6-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_7-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

3. Гломазен сребрен ѓердан

Ѓерданите полни со циркони ќе бидат дефинитивно изборот на многу дами за оваа сезона. Женствени, многу впечатливи и неодоливи. Совршен избор за забава, но и за новогодишната ноќ.

8-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 9-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 10-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

4. Брошови

Оваа зима украсете ги капутите, џемперите, ролките и шаловите со атрактивни и впечатливи брошови.

11-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 12-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 13-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_

5. Висечки ѓердани и обетки

Да, обетките и ѓерданите дизајнирани на овој начин повторно се вратија во мода. Тие се многу впечатливо парче накит, а делуваат елегантно, гламурозно и многу женствено.

15-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_14-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_ 16-bidete-vo-trend-nakit-koj-kje-ja-odbelezhi-ovaa-zima-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар