Застрашувачки пренк: Момче ја исплашува својата девојка со неверојатен холограмски дух

Ова е едно од оние видеа кои можат да ве преплашат дури и додека безбедно ги гледате од другата страна на мониторот. Иако ова момче брилијантно ја изработило својата шега, правејќи го духот неверојатно реален, сепак тоа не значи дека неговата девојка ќе се воодушевува на неговото дело во брзо време. Или пак, ако ова им е секојдневие, тогаш дефинитивно можеме да очекуваме нешто уште поголемо од нејзина страна… 🙂 Во секој случај, видеото е одлично и навистина заслужува пофалба!