Вознемирувачко видео: Еве како погина мојот син, затоа возете побавно

Во 2013 година, мотоциклистот Дејвид Холмс загинал во ужасна сообраќајка во Норфолк кога возејќи со преголема брзина, автомобил му го пресекол патот. Камерата која била прицврстена на неговиот шлем сведочи за неговото последно уживање во брзината. Полицијата решила да ја искористи видеоснимката и заедно со изјавите на мајката на Дејвид да го пушти видеото како кампања против брзото и невнимателно возење.