„Дали ќе се омажиш за мојот татко?“ – Најслаткото запросување што некогаш сте го виделе

Освен што на тој ден се родил, малечкиот Конан Патрик Келехер успеал да ја израдува неговата мајка на уште еден, сосема неочекуван начин. Со оглед на тоа што својот син првенец го добил во вонбрачна заедница, Австралијанецот Пауди Келехер одлучил да ја поправи грешката и мајката на своето дете, Лиса Кеог, да ја запроси во момент во кој таа најмалку би очекувала. Откако се породила, Лиса заслужено задремала, а додека таа се одмарала таткото Пауди го облекол својот син во бенкичка на која пишувало: „Дали ќе се омажиш за мојот татко?“ Кога ѝ го однеле бебето на Лиса, таа воодушевено рекла „да“ и веднаш се пофалила на своите пријатели на Фејсбук споделувајќи ја прекрасната фотографија од нивното синче.