Вистинското пријателство нема граници

Ова видео одлично ни ја покажува моќта на пријателството. Станува збор за јарецот Господин Г и магарицата Џелибин кои биле разделени по нивното спасување од лош дом. Тие биле одведени во различни засолништа за животни и никој никогаш не би ни претпоставил дека на милиот јарец толку многу ќе му недостасува најдобрата пријателка што дури ќе одбива и да јаде и да излегува надвор. Но, сѐ ќе се смени кога новите сопственици ќе решат да ја донесат и Џелибин кај нив…