Коза се вози на велосипед

Ако никогаш не сте виделе коза која се вози на велосипед, сега конечно ја имате таа прилика. Во етиопската престолнина Адис Абеба една коза одлучила малку да се повози на велосипед држејќи се за грбот на возачот кој умешно ја избегнува гужвата во сообраќајот. Најинтересно е дека двајцата воопшто не ги ни забележуваат реакциите на минувачите, туку само опуштено си се возикаат низ градот.