Што ќе се случи со вашето дете доколку го оставите 10-тина минути во автомобил на сонце?

Сè почесто се случува родителите да сакаат набрзина да завршат некоја обврска и притоа да го остават своето мало детенце во автомобилот, со затворени прозорци на сонце. И покрај тоа што можеби 10 минути не ви изгледа како многу време, сепак затворениот автомобил е застрашувачко место во летните денови. Дури и ако се во прашање само неколку минути.

Во ова видео неколку возрасни го доживуваат хоророт низ кој поминуваат малите дечиња заборавени во автомобилот. За жал, во реалноста тие немаат црвено копче кое ќе им помогне да се извлечат, за разлика од овие личности кои не успееја ни 10 минути да издржат внатре…