Моќна кампања: Расплачете дете

Едно истражување во 2013 година покажало дека неверојатни 216 милиони деца починале до нивниот 5-ти роденден од 1990 година. Смртта во поголемиот дел од овие случаи можела да се спречи доколку се преземела соодветната медицинска грижа. Токму затоа и докторите ширум светот се обидуваат да ја подигнат свеста кај луѓето за овој голем проблем кој одекнува како ехо од солзите на мајките чии деца прерано го изгубиле својот живот од болест која можела да биде спречена.

На нивниот сајт, нивната мисија е и повеќе од јасна…

„Секои 7 секунди по едно дете умира поради недостаток од медицинска грижа. Тоа се 4 милиони деца годишно кои го губат својот живот од болест за која има лек. Само еден мал гест може да го спаси нивниот живот. Помогнете ни да расплачеме дете.“

Кампањата се шири преку хаштагот #MakeAChildCry.