Шпански стилист за коса прави фризури со меч и оган

Во денешно време, стилистите за коса имаат многу нови продукти и алатки со чија помош можат да прават фризури кои досега не сме имале можност да ги видиме. Но, овој стилист од Мадрид, Шпанија не погледнал кон иднината за инспирација, туку се навратил во минатото. Со цел да создаде неверојатни и уникатни фризури, тој често користи мечови, па дури и оган со цел да ја средува косата на неговите храбри клиенти.