Овој човек ја пее песната „Let It Go“ со хардкор метал глас и публиката збеснува‏

Станува збор за пејачот Арон, кој ќе ги изненади сите на својата аудиција за „Britain’s Got Talent“. Па добро, сите освен Аманда… Тој ќе успее да ја размрдна целата публика, а истовремено да влијае позитивно и на судиите.

Ова видео е само уште доказ дека песната „Let It Go“ од анимираниот филм „Frozen“ ќе ја сакаме во буквално сите облици и верзии. Дури и ако звучи како самиот ѓавол да ја пее, како во ова видео. Таа без сомнение ни е влезена длабоко во нашето срце и таму ќе остане уште многу долго време.