Оваа бабичка лудо танцува на битбокс ритам

Оваа постара жена изгледа навистина била во добро расположение. Таа го шетала своето куче во Брисел, кога налетала на уличен изведувач. Не сме сигурни што точно се случило помеѓу нив, но изгледа како ритамот на музиката да ја презела контролата врз нејзиното тело и таа одеднаш почнала да танцува.

Нејзините движења се толку заразни, што околу неа се собрала цела публика за да ја гледа како се забавува. Ова видео со сигурност ќе ве насмее, но и ќе ве натера и вие малку да се размрдате.