Овој бездомник свири пијано и ги маѓепсува минувачите

Кога во Сарасота, Флорида биле поставени клавири на јавни места, никој не замислував дека би можело да се случи нешто вакво. Бездомникот, кој е маринец ветеран, Доналд Гулд, покажал неверојатна страна од себе, страна која никој не знаел дека тој ја има.

Гулд свирел пијано откако бил мало дете. Тој вели дека ја изгубил сопругата во 1998 година, па по нејзината смрт се изгубил и себеси, напуштајќи сè останато во својот живот. Тој е бездомник последниве 6 или 7 години и за прв пат музиката имала вакво влијание врз него.

Сега, додека тој свири, сите случајни минувачи застануваат да го слушнат, бидејќи тој со неговото свирење ги маѓепсува. Благодарение на ова видео, сега и ние имаме можност да уживаме во неговата прекрасна музика…