Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Десет нови ангели ги добија своите крилја и неколку бесплатни градници. Една од најпопуларните компании за долна облека сподели 25-секунден клип во кој ги претстави своите нови вработени девојки кои како и секогаш изгледаат прекрасно и неодоливо. Овие ангели всушност ги заменуваат Карли Клос и Доуцен Крос кои неодамна официјално ги предадоа своите ангелски крилја.

1. Кате Григориева

(1) Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Таа е професионална танчарка во областа на балското танцување. Пред да започне со својата кариера во модниот свет, дипломирала во уметничко училиште и магистрирала во областа на маркетинг.

2. Тејлор Хил

(2) Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Таа била откриена на ранч за коњи во Колорадо. Сака нова музика, читање, сноубординг и вежбање јога.

3. Елса Хоск

(3) Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Елса започнала со својата работа како модел откако нејзиниот татко испратил фотографии во локална агенција. Потоа морала да ја балансира својата работа како модел со нејзината професионална кариера во кошарката, но неодамна се откажала од спортот и се посветила целосно на светот на модата.

4. Марта Хант

(4) Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Таа била откриена во нејзиниот град во Северна Каролина кога се пријавила на натпревар за модели. Обожава да готви, да сурфа и да танцува.

5. Јач Јагачак

(5) Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Таа била откриена за време на кастинг кој се одржувал во еден шопинг центар во нејзиниот роден град во Полска. Таа доаѓа од атлетска фамилија и како мала тренирала атлетика. Исто така обожава да спортува и да готви.

6. Стела Максвел

(6) Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Стела живеела насекаде ширум светот, но таа била откриена од страна на еден агент од Нов Зеланд. Обожава тенис, планинарење и патување.

7. Лаис Рибеиро

(7) Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Таа боксува, игра одбојка и фудбал. Таа исто така има страст за салса танцување.

8. Сара Сампаио

(8) Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Таа неколку пати ја освоила наградата „Најдобар женски модел“ во Португалија. Исто така има кафеав појас во карате, свири виолина и обожава да сурфа.

9. Ромеи Страјд

(9) Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Таа има страст за дизајн на ентериер и готвење и ја одржува својата линија со трчање и боксување.

10. Џасмин Тукс

(10) Запознајте ги 10-те нови ангели на „Victoria’s Secret“

Таа тренирала гимнастика 14 години и во средно играла одбојка. За себе вели дека е личност која обожава храна и која секогаш е расположена за нови и егзотични оброци.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар