Оваа мајка ефикасно ги пренесува своите кутриња по улицата во пластична кеса

Изгледа дека кучињата учат сè повеќе нешта од луѓето. Тие гледајќи нè нас, веќе знаат како безбедно да поминат преку улица на пешачки премин, како и да се снаоѓаат во гужва. Дел од нив знаат како да играат игри на таблет, да отворат врата, да се грижат за своите сопственици, па дури и да повикаат полиција доколку се во неволја. Но, кучето во ова видео ни покажува дека тие нашле и нов начин на кој можат да ги превезуваат своите најмали… Погледнете!