Оваа горила навистина сака да ги гледа вашите фотографии од одмор

Јелани, горила која живее во една зоолошка во Кентаки, многу сака да гледа фотографии на мобилните на своите посетители. Токму тоа и успеал да го сними едиторот на видеа, Пол Рос, за време на посетата на оваа зоолошка.

„Налетав на едно момче кое споделуваше фотографии со Јелани за време на мојата посета на зоолошката. Момчето го држеше својот мобилен покрај стаклото, а Јелани даваше знак со својата рака кога ќе беше подготвена да премине на следната фотографија.“

Токму овие настани ве тераат да се замислите како може толку интелигентно суштество да биде затворено помеѓу 4 ѕида.