Контурирање во 3 секунди: Најлесниот и најбрзиот начин до совршено лице!

Контурирање во 3 секунди: Најлесниот и најбрзиот начин до совршено лице!

Она што привлече најголемо внимание на Њујоршката модна недела не беше облеката, туку мејкап артистот Џејмс Калиардос кој користеше само едно дуо руменило за да ги контурира лицата на моделите во помалку од три секунди.

0-konturiranje-vo-3-sekundi-najlesniot-i-najbrziot-nachin-do-sovshrno-lice-kafepauza.mk

„Нема повеќе поминување часови и часови во контурирање“ – вели тој, признавајќи дека трошел премногу време во истражување онлајн како луѓето контурираат и како користат хајлајтер, додавајќи:

„Премногу е чуден начинот на кој треба правилно да се контурира. Ве молам не мислете дека тоа со триаголникот е вистина.“

Наместо тоа, Калиардос вели дека доволно е да користите четка за нанесување руменило и да поминете низ кафеава или беж нијанса руменило и потоа да ја измешате со хајлајтер и да ја нанесете со лесни напред-назад потези низ целите јаболчници, внимавајќи да не се приближувате кон носот. Потоа, тој советува остатокот од пудрата да го искористите на слепоочниците и дека целото нанесување треба да трае отприлика три секунди.

„Толку многу нешта можетеда направите со помош на шминка – како на пример, да го истанчите носот – затоа контурирањето е корисно, особено за селфи-генерацијата. Овие нешта функционираат, но не треба да поминувате часови и часови правејќи го тоа. Можете само да излезете од вратата и да го живеете вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар