Никогаш не играл кошарка, но сепак дал 4 неверојатни коша едноподруго

Густаво Ангел Тамајо, 23-годишен студент од колеџот Брајан, ја воодушевил публиката во салата постигнувајќи 4 коша едноподруго, притоа освојувајќи 10.000 долари.

Целта била да даде 4 коша за помалку од 30 секунди за да ја освои наградата, но секој нареден кош морал да го постигне од поголема оддалеченост, шутирајќи го последниот од центарот. Она што е интересно е дека дечково не само што никогаш не играл кошарка, туку шутирал со скршен прст кој го повредил играјќи фудбал.