Како се исправуваат криви заби за 60 секунди?

Ова видео ќе ви покаже што добивате доколку решите да инвестирате во протези. Секако, за 60 секунди не можат да ви се исправат забите, но ова видео убаво покажува што се случува со екстремно криви заби одблизу, под дејство на протези во период од 18 месеци. Ако сакате прави заби, а не ви пораснале така, можеби ова видео е токму она што ви требаше за мотивација.