Неверојатна изведба на песната „You Raise Me Up“ од страна на две мали дечиња

Со оглед на тоа што постојат безброј програми за пронаоѓање талент, веќе станува сè потешко да се најде настап кој навистина ќе ве остави без зборови. Особено кога станува збор за мали дечиња. Токму затоа и не изненадува фактот што ова видео брзо се прошири низ светот, покажувајќи ни дека сè уште постојат нешта кои не сме ги виделе.

Џефри Ли е 10-годишно дете од Канада кој има неверојатен глас. Кога тој пее, вие не можете да ги препознаете неговите години во неговиот глас. Во комбинација со 7-годишната Селин Там од Кина, тие направиле дует со кој го украле шоуто и ги оставиле сите присутни без зборови. Тие не само што имаат прекрасен талент, туку поседуваат и неверојатно чувство за однесување на сцена. Неверојатно!