Колку калории трошите за време на шопинг?

Километрите што ги минувате за време на вашите модни излети не треба да бидат занемарени. Од денес слободно фалете се како да сте истрчале цел маратон. Имено, сигурно ќе се изненадите доколку почнете да ги броите километрите што сте ги поминале додека сте шетале по продавници и трговски центри.

Колку калории трошите додека купувате?

Според резултатите од едно британско истражување, жените во текот на само една година изодуваат дури 330 километри додека се во шопинг. Научниците потврдиле дека и жените кои се најголеми противници на теретаните и вежбањето, во просек одат 8 километри, два пати неделно, за време на вообичаените шопинг излети. Овде спаѓа и секојдневното одење во продавница по намирници.

Со други зборови, со купувањето годишно трошите неверојатни 14.884 калории. Односно, без одење во теретана, трошите дури 67 чоколади, а токму пешачењето е најдобрата вежба бидејќи го одржува здравјето на срцето, го забрзува согорувањето на мастите и го поттикнува трошењето на калории.

Жените кои учествувале во истражувањето носеле бројач на чекори за време на нивното рутинско купување. И испитаничките биле шокирани од резултатите.

„Никогаш не ми текнало дека за време на шопинг вежбам! Сега гледам дека има вистина во тоа. Одење од продавница до продавница, истегнување кога сакам да фатам нешто од горните полици и на крај, зајакнување на мускулите кога сè треба да однесам дома“, изјавила една од нив.

Сепак, немојте да претерувате бидејќи овој „спорт“ може да биде навистина скап.

Погледнете и колку калории на час трошите со различни активности.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       


За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар