Неколку начини на кои се менувала шминката на жената низ годините

Велат убавината е во очите на оној кој набљудува. Токму затоа стандардите за убавина се флуидни и постојано се менуваат.

Ова видео е слично на серијата кратки видеа познати како „100 Years of Beauty“ кои ни ги покажуваат промените во сите стандарди на убавината во различни култури. Но, наместо да се фокусира на „убавината“, тоа повеќе е насочено кон начинот на кој жените се шминкале низ времето во различни култури, започнувајќи од Античкиот Египет па сè до денес.