Колку често луѓето на улица ги гледаат вашите гради?

Моментално е актуелна кампањата на Нестле Фитнес со цел подигнување на свеста за рак на дојката. Октомври е месец на свеста за рак на дојката, а самопрегледот може да биде клучен за рано откривање и успешна победа на болеста.

Еве за што станува збор. Една жена има скриена камера во својот градник и во текот на еден ден забележан е точниот број на погледи вперени кон нејзините гради. Токму тоа е и идејата на оваа кампања – погледнете ги и вие самите вашите гради и сфатете колку е важен самопрегледот.