Како варира самодовербата на жената низ годините?

Жената е комплексно суштество. Штом ја напушти фазата на безгрижно детство, веднаш почнува да се преиспитува себеси, не знаејќи како да ги прифати промените кои ги забележува на своето тело. За среќа, во текот на животот ова се менува, па од девојче до стара баба може да се забележи цел дијапазон на промени во самодовербата. Во видеото на Селиа Балвинкел наречено „Sidewalk“ тоа е многу интересно прикажано.