Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Тестот се состои од 98 кратки искази. Не се обидувајте го откриете нивното скриено значење.
Бодувајте ги одговорите со поени од 1 до 5, односно запишувајте го бројот на поени за секој исказ.

Пред да почнете:
- Внимателно прочитајте ги петте можни одговори.
- Одлучете што за вас значат зборовите ретко, понекогаш и често.
- Одговарајте на едно прашање само по еднаш, брзо.
- Забележете го првиот одговор кој ќе ви падне на памет.
- Ако ви е тешко да одговорите на некое прашање, веројатно се работи за карактеристика или особина која најмалку ви одговара.
- Пополнете го прашалникот без детално анализирање на секој одговор, едноставно само забележувајте ја на лист првата реакција.
Начин на бодување:
- 1 поен – Тоа воопшто не сум јас
- 2 поени – Многу ретко сум таков/а
- 3 поени – Понекогаш сум таков/а
- 4 поени – Често сум таков/а
- 5 поени – Тоа сум јас
Поедноставено бодување:
- 1 – никогаш
- 2 – многу ретко
- 3 – понекогаш
- 4 – често
- 5 – секогаш
Собирањето се врши откако ќе одговорите на сите искази. Има повеќе групи прашања кои се однесуваат за одредени бои. За секоја група прашања се собираат поените и така го добивате збирот за конкретната боја. Онаа боја за која ќе добиете најмногу поени е примарната боја на вашата аура, следната е секундарната, која е исто така исклучително важна, бидејќи таа ја одредува вашата следна форма на делување.

Прашалник:
- Размислувате методично.
- Имате силна внатрешна желба да оставите трага во светот.
- Ви пречат емотивните и семејни барања од околината.
- Езотеричните духовни или политички филозофии емотивно и интелектуално многу ве привлекуваат.
- Тежнеете кон сѐ што е необично или авангардно.
- Лесно се расплакувате.
- Не судите критички за начинот на кој другите луѓе ги изразуваат своите чувства.
- Се чувствувате удобно во секоја средина каде што лекувањето е примарна дејност или занимање.
- Кога сте соочени со некој опасен потфат, внимателно планирате како ќе решите каква било кризна ситуација до која би можело да дојде.
- Вие сте самотник.
- Кога решавате некој проблем, можете истовремено визуелно да ги предочите сите фази и решенија.
- Немате никакви предрасуди во врска со сексуалноста: хетеросексуалност, бисексуалност или хомосексуалност.
- Сакате да извршувате задачи кои бараат физичко ангажирање.
- Во одредени ситуации најпрво реагирате физички (на пример ви се потат дланките), а дури потоа ментално или емотивно.
- Кога ќе се најдете во улога на лидер кој треба да донесе некоја одлука, настојувате да соберете што е можно повеќе податоци од другите луѓе.
- Социјалните збиднувања како коктел-забавите ви се досадни.
- Сакате професии кои овозможуваат неограничени финансиски можности како што е на пример трговијата.
- Кога имате пари ги трошите, кога немате не трошите.
- Вие сте нонконформист.
- Тешко ви е да кажете „не“ кога луѓето ќе ве замолат за услуга.
- Ги организирате проектите создавајќи систем на работа.
- Кога се работи за тоа како треба да се однесувате во различни социјални ситуации, снимате што прават другите и настојувате да се однесувате во склад со нив.
- Бестрашно се соочувате со физички предизвици.
- Бавно ги бирате пријателите.
- Можете да бидете добар ментор иако менторираните не ви се емотивно лојални.
- Во школо најдобро учите во неорганизирани услови.
- Сексот за вас е физичко уживање.
- Кога ќе се најдете во некоја тешка ситуација, сакате да побегнете или да се преправате како да не постои.
- Тешко ги споделувате вашите емоции со други.
- Повеќе би сакале да бидете теоретичар на проект и да се препуштите на изработка на работен модел за други.
- Проблемите ги дијагностицирате според препознатлив шаблон.
- Вие сте сонувач кој сака да живее во своите фантазии.
- Вие сте спонтана личност.
- Искусувањето на божјата љубов е извор на вашата животна сила.
- Настојувате да ја унапредувате вашата лична или социјална заедница.
- Ретко ги покажувате своите најдлабоки емоции.
- Сакате активности кои ви овозможуваат да ја покажете својата физичка кондиција.
- Работите ги проценувате според тоа колку се цврсти и трајни, но и опипливи.
- Ве привлекуваат религиите кои имаат цврста теолошка структура, но истовремено дозволуваат лично толкување.
- Раководите така што ги терате луѓето да размислат и да ги преиспитаат своите стари уверувања, вредности и начин на работа.
- Кога ќе збеснете, брзо се изладувате.
- Не сте цинични.
- Сакате социјални активности кои се мешавина од работа и задоволство.
- Не трошите пари со лесно срце на други луѓе.
- Бог го сфаќате како мозок кој ја создал вселената.
- Својата сексуалност ја изразувате креативно, интуитивно и експериментално.
- Ве привлекуваат производи со необичен или неочекуван изглед.
- Кога барате работа, тешко ви е да прашате колкава ќе ви биде платата.
- Сметајте дека најголемиот придонес кој можете да ѝ го дадете на вашата заедница е добро да го израснете и школувате своето дете.
- Сакате да читате биографии и дневници кои ги опишуваат животите на вистински луѓе.
- Повеќе сакате поединечно одошто групно натпреварување.
- Бавно прифаќате какви било системи на верување.
- Силно се трудите да им удоволите на луѓето кои ги сакате и за кои ви е грижа.
- Сметате дека духовноста е присутна во сѐ што правите.
- Ако имате доволно пари за неопходните животни потреби, среќни сте.
- Бог го доживувате како физичко чувство на радост за живеење.
- Склони сте кон духовни системи на верување, кои се темелат на закони и принципи.
- Раководите така што на луѓето им кажувате што треба да прават.
- Најмногу сакате друштво од неколку внимателно избрани пријатели кои интелигентно ве стимулираат.
- Занимавањето со уметност често ве задржува дома.
- Склопувате површни пријателства од кои не очекувате многу.
- Позгодно ви е да делите раководна позиција со уште една личност.
- Финансиски им помагате на разни групи и организации кои се грижат за добросостјобата на општеството.
- Изворот на вашата лична сила е во способноста за ментално повлекување во себе.
- Не ве интересира организираната религија ни други системи на верување.
- Совесно ги следите упатствата на вашиот претпоставен.
- Сакате социјални настани кои ви овозможуваат да разговарате со многу различни луѓе.
- Треба полека да ве будат од длабок сон за да не би се раздразниле или дури и да осетите физичка болка.
- Кога учествувате во некој групен спорт, вие го водите тимот кога изгледа дека сѐ е изгубено.
- Сакате забава.
- Парите за вас претставуваат сигурност.
- Сметате дека треба да направите нешто значајно во животот.
- Помагањето на луѓето преку давање информации или идеи ви причинува големо задоволство.
- Повеќе сакате донекаде изолиран начин на живот одошто таков во кој би морале да се подредите на општествените очекувања.
- Кога ќе видите нешто што ви се допаѓа, веднаш си го дозволувате, а подоцна ќе го плаќате (на пример со кредитна картичка).
- Не сакате напорни спортови како скијање, маратон или дигање тегови.
- Сметате дека духовните принципи треба да имаат практична примена во секојдневниот живот.
- Сакате мирни, интроспективни духовни дисциплини.
- Повеќе сакате да работите за провизија или дури и како хонорарец, одошто за редовна, точно утврдена плата.
- Сметате дека за да бидете добар лидер најпрво треба да бидете добар ученик.
- Имате проблем со правилно распределување на парите.
- Не може човек да ве натера да направите нешто што не ве интересира.
- Духовноста ја доживувате кога физички учествувате во богослужби.
- Полетно ги водите луѓето затоа што сакате да бидете со луѓе.
- Сакате да работите со технички уреди како што се компјутерите и стерео уредите.
- Материјалните добра ви се важни како oтскочна даска за моќ и влијание.
- Идеите за вас се предмети а не ментални апстракции.
- Идеите ги сфаќате како тридимензионални шаблони.
- Својата духовност ја изразувате низ силна поврзаност со природата.
- Кога донесувате некоја одлука, настојувате да најдете решение кое сите ќе ги задоволи.
- Раководите така што чувствата на другите луѓе ги вклопувате во процесот на донесување одлуки.
- Најдобро работите во мирна, тивка средина каде што сите контакти со луѓето се ограничени.
- Не ви требаат пријатели ни дружење за да бидете среќни.
- Парите за вас претставуваат физичка сигурност и стабилност.
- Заборавате каде што оставате (се мисли на лични предмети).
- Сакате да работите со раце.
- Сакате да знаете како и зошто работите функционираат онака како што функционираат.
- Сакате да се занимавате со работа која бара физичка активност.

Збирот од поените на секое прашање од одредена група ја дава бојата. Прочитајте што таа боја отркива за вас.
I група
A) прашања: (1; 15; 29; 43; 57; 71; 85) боја = Ментален окер
Б) прашања: (2; 16; 30; 44; 58; 72; 86) боја = Виолетова
В) прашања: (3; 17; 31; 45; 59; 73; 87) боја = Зелена
Г) прашања: (4; 18; 32; 46; 60; 74; 88) боја = Лаванда
II група
Д) прашања: (5; 19; 33; 47; 61; 75; 89) боја = Темноцрвена
Ѓ) прашања: (6; 20; 34; 48; 62; 76; 90) боја = Сина
Е) прашања: (7; 21; 35; 49; 63; 77; 91) боја = Пожртвуван окер
III група
Ж) прашања: (8; 22; 36; 50; 64; 78; 92) боја = Кристална
З) прашања: (9; 23; 37; 51; 65; 79; 93) боја = Портокалова
IV група
Ѕ) прашања: (10; 24; 38; 52; 66; 80; 94) боја = Физички окер
И) прашања: (11; 25; 39; 53; 67; 81; 95) боја = Прекрасен окер
Ј) прашања: (12; 26; 40; 54; 68; 82; 96) боја = Индиго
К) прашања: (13; 27; 41; 55; 69; 83; 97) боја = Црвена
Л) прашања: (14; 28; 42; 56; 70; 84; 98) боја = Жолта

