Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!
Што кажува бојата на вашата аура?
Индиго
Ова се единствени личности. Тие се обдарени со нови способности и таленти кои ги прават неопходни за развој на човештвото. Тие се бистри и љубопитни, истовремено ја гледаат и целината и деловите. Имаат бујна фантазија и често разговараат сами со себе, изгубени во некоја друга стварност. Секогаш ја кажуваат вистината и не се покоруваат на општествените правила.
Многу внимателно ги избираат луѓето за дружење. Со физичкиот окер се целосна спротивност, а со индиго и црвени се секогаш во конфликт. Со прекрасниот окер и зелените одлично се сложуваат.
Тие се лидери на својата доба бидејќи ги следат своите внатрешни насоки. Нивната снага е во нивната рамнодушност кон вообичаените признанија и некористењето на интриги и измами.
Парите малку ги разбираат. Ги сфаќаат како дел од системот за манипулирање кои некој луѓе ги користат за да го контролираат и насочуваат однесувањето и влијанието врз другите луѓе.
Наоѓаат задоволство во професии кои бараат работа со раце и не сакаат некој голем ментален напор. Начинот на кој ја изразуваат својата духовност е пример за живеење без грижа на совест и страв.
Боја на таленти, способности и физички карактеристики кои значително се разликуваат од другите бои на аури. Најтешка задача за индигото е трпеливоста и толеранцијата. Со оглед на тоа што веќе сфатиле што значи да се биде автентично човечко суштество, тешко поднесуваат луѓе на кои тоа не им е јасно. Тие не се бесчувствителни, туку сочувствувањето за нив значи давање доволно време и простор на луѓето за да ги пронајдат сопствените одговори и решенија.
Индиго аурите регистрираат чувствени, физички и психички сигнали со висока фреквенција, затоа нивниот систем брзо доаѓа до точка на заситеност. Тоа значи дека бргу се изморуваат, а прејака бучава и неред ги збунува. Нервниот систем им е крајно осетлив. Претерано возбудување или подолга изложеност на различни стимуланси може да резултира со повлекување во себе. Но, ова е само обид за емоционален одмор, ништо повеќе од тоа.
Остроумноста и интелектуалната способност на индигото истовремено ги воодушевува и излудува другите. Нивната интелигенција не може да се мери со традиционални психолошки тестови, тие уште од мали делуваат дека сѐ знаат. Ако нешто сакаат да дознаат, упорни се и не отстапуваат додека тоа не го дознаат. Надарени се, но ако нешто не ги интересира, едноставно нема да го учат. Им пречи кога наставниците одлучуваат што треба да се учи, бидејќи тие сакаат темелно да поручуваат одредено поле пред да преминат на друго. Нивната цел е да бидат добри и да пронајдат начини да ја изразат својата индивидуалност.
Аурите со индиго боја често избираат животни партнери кои пред сѐ им се пријатели, а дури потоа љубовници. Притоа избираат луѓе со силна личност. Нив им треба партнер и семејство кои ќе им помогнат да се чувствуваат сигурни, им треба некој на кого можат да му веруваат. Не ги интересира односот во кој постојано мора да внимаваат како се однесуваат, и затоа избираат партнери кои можат да ја разберат нивната потреба за духовна комуникација и нивното одбивање да се прилагодат. А за тоа возвраќаат со љубов и емоционална приврзаност.
Изгледа како тие да доаѓаат на свет со сите податоци за некое друго време и простор, како да се сеќаваат каде биле пред да дојдат на овој свет.
