Тестирајте се: Дознајте која боја е вашата аура!

Што кажува бојата на вашата аура?

Портокалова

Сакаат предизвици кои бараат физичка храброст. Но нашето општество нѐ присилува да ги истражуваме границите на нашето внатрешно битие што пак бара духовна храброст. Се поставува прашањето дали портокаловите можат да ги разликуваат овие два вида храбрости.

Често не обрнуваат внимание на сопствената сигурност. Сакаат возбуди кои пружаат физички предизвици. Тие го вложуваат умот со цел да му служи на телото во „борба“ со животната средина. Тие често живеат во мислите, смислувајќи и планирајќи си ги следните потези.

Многу се интелигентни. Нивните чувства се реакции на примитивно ниво на човековото постоење – реагираат само на сурова физичка храброст и на страст.

Во друштвениот живот, ништо не ги возбудува како предизвиците. Ќе го совладаат Монт Еверест – за тоа би се обложиле на сѐ што поседуваат. Во односите со другите: не се добар хемиски спој со црвените, а врска со друга портокалова е вистинска реткост. Темноцрвените им одат на нерви, а идеална комбинација се со зелените.

Имаат пасивен пристап кон парите. Избираат професии кои се комбинација од физички опасности и храброст, бидејќи имаат невнимателен став кон личната сигурност. Нивната потрага по духовност е трагање по значењето на животот надвор од личната сфера.

Портокаловата означува луѓе кои сакаат да ги истражат своите физички ограничувања наспроти околината. Бестрашни, силни, не обрнуваат внимание на личната сигурност, тие му пркосат на Господ. За нив најголемо искушение е снаоѓањето во нашето сѐ посложено општество. Денес не сме толку соочени со проблемите на физичкиот опстанок, туку со сѐ посложени морални прашања. Се справуваме со квалитетот на живеење, а не со самиот опстанок како таков.

Тие мораат да научат да ја користат својата енергија за откривање на внатрешните димензии на своето битие, а не за постојано искушување на границите на физичките можности. За нив предизвик е да проживеат и преживеат многу нешта за да може нејасниот поим за морална храброст да почне да им допира до свеста.